ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат кампањите за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Лажниот наратив дека овие медиуми добиле средства од УСАИД за да ја поткопаат демократијата претставува обид да се делегитимира нивната работа, иако нивното известување доведе до законски реформи, кривични истраги и санкции против одговорните за разни злоупотреби

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудува тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми. Оваа кампања дополнително засилена на социјалните мрежи – има за цел да ги дискредитира медиумите и новинарите кои постојано откриваат корупција, злоупотреба на моќта и други прашања од јавен интерес.

Лажниот наратив дека овие медиуми добиле средства од УСАИД за да ја поткопаат демократијата претставува обид да се делегитимира нивната работа, иако нивното известување доведе до законски реформи, кривични истраги и санкции против одговорните за разни злоупотреби. Овие медиумски кампањи за оцрнување, единствено имаат за цел да го замолчат независното и критичко новинарство и да ја нарушат довербата во медиумите пред граѓаните.

Кампањата за оцрнување дополнително ескалира на социјалните мрежи, каде што поттикнува омраза кон новинарите, вклучително и мизогини напади и закани кон новинарки.

Ваквата реторика не само што потенцијално ја загрозува безбедноста на поединците, туку создава и клима на страв, со што директно се обесхрабрува слободното и професионално новинарство.

Меѓународните правни стандарди, вклучително и оние утврдени од Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права, јасно посочуваат дека нападите врз новинарите претставуваат закана за демократијата и слободата на медиумите.

Со последните измени на Кривичниот законик, новинарите во Македонија го имаат статусот на службени лица при извршувањето на својата професионална должност.

ЗНМ и ССНМ ги повикуваат надлежните институции да обезбедат заштита на новинарите од вознемирување и закани и ја повикува јавноста да ги отфрли дезинформациите и да ја поддржи независната медиумска работа, која е од суштинско значење за демократијата и одговорноста на институциите и политичарите.

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...