Фото: СЕММ и ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) бараат итна реакција од Министерството за внатрешни работи (МВР) да спроведе брза и ефикасна истрага за пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот врз сопственикот на порталот „Буре весник“, Зоран Божиновски.

Како што објавија повеќе медиуми, нападот врз Божиновски се случил вчера вечер пред неговата куќа во Битола, при што му биле нанесени тешки телесни повреди од страна на две маскирани лица.

„Го осудуваме секој облик на физичко насилство и потенцираме дека физичкиот напад претставува кривично дело. Апелираме МВР и ОЈО, итно да ги истражат и процесираат ваквите напади со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина“, стои во заедничката реакција на ЗНМ и СЕММ.