fbpx

ЗНМ го осуди нападот врз екипата на „ТВ21“ од роднини на градоначалничката на Арачиново

-

Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува нападот врз новинарот и снимателот на „ТВ21“ од страна на блиски роднини на градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими од СДСМ.

„Вчера, откако екипата на „ТВ21“ снимила прилог во врска со поплаките на жителите на оваа општина за лошата инфраструктура, роднини на градоначалничката Халими упатиле вербални закани кон телевизиската екипа дека ќе им ја искршат камерата и барале снимките да бидат избришани. Откако новинарите одбиле да ги избришат снимките, тие биле принудени да влезат во општинската зграда на Арачиново и повторно им биле упатени исти закани. Тие и по втор пат одбиле да ги избришат снимените материјали, па инцидентот продолжил во редакцијата на „ТВ21“ каде истите лица му се заканиле и на главниот и одговорен уредник дека не смее да објавува ништо од снименото. Истовремено, пристигнале и полициски службеници, по што лицата кои се заканувале ја напуштиле телевизијата, а новинарот и снимателот дале исказ во полициска станица“, се вели во соопштението.

Според ЗНМ, ваквото насилничко и примитивно однесување особено од лица блиски до политички фигури е неприфатливо и преставува напад врз слободата на информирање.

„Тоа претставува класично попречување во вршењето на работата на новинарите. Ја повикуваме градоначалничката Миликије Халими веднаш да го осуди овој напад, а истовремено бараме итна и ефикасна истрага од страна на Министерството за внатрешни работи. Овој инцидент ќе биде пријавен и во Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...