fbpx

ЗНМ ги осуди заканите на Обвинителството кон новинарите

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осудува заканите за кривичен прогон на новинарите, упатени од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ако објавуваат материјали што можат да станат предмет на кривична постапка.

„Ваквото однесување на обвинителството е бесмислено затоа што дрско бара да се укине улогата на медиумите како коректив на властите во едно демократско општество.
Со ваквите закани кон новинарите, обвинителството ги загрозува уставните права и слободи на новинарите и на граѓаните. Го потсетуваме обвинителството дека македонскиот Устав е многу јасен. Тој, во член 16, забранува цензура и ја гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање, како и слободниот пристап до информациите, слободата на примање и на пренесување на информации.
Освен тоа, овие закани на обвинителство не се засновани на закон. Не постои таков закон во Македонија што му дава право на обвинителот да воведува цензура за објавување материјали што откриваат кривични дела.
Обвинителството може да повика да не се објавуваат материјали за истрага која е во тек, меѓутоа да се бара необјавување материјали што можат да бидат предмет на кривична постапка е рамно на апсурд и претставува тешка злоупотреба на институцијата.
ЗНМ ги охрабрува новинарите да не потклекнат на ваквите празни закани, кои немаат никаква законска основа и ги повикува да известуваат во согласност со Етичкиот кодекс на новинарите, кој бара новинарите да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана.
ЗНМ ги потсетува новинарите на членот 5 од Етичкиот кодекс, според кој, новинарот треба да ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес“, стои во соопштените од ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...