fbpx

ЗНМ: Европската комисија со право заклучува дека има насилство врз новинарите

-

Здружението на новинарите на Македонија се согласува со оценката на Европската комисија дека состојбата со слободата на медиумите годинава во Македонија се влошува. Комисијата во извештајот за напредокот на Македонија за годинава, велат од ЗНМ, со право заклучува дека во најголем дел од македонските медиуми отсуствува политички плурализам и дека националните телевизии координирано ја поддржуваат владејачката партија.

„Констатираме дека најголем дел оценките на Комисијата во врска со насилството врз новинари, финансирањето на медиумите и состојбата во Македонската радио-телевизија и медиумскиот регулатор, се совпаѓаат со ставовите на ЗНМ. Комисијата потврдува дека новинарите се изложени на секакви напади, додека властите не преземаат ништо да ги казнат насилниците, меѓу кои има и политичари. Јасно се истакнува дека физичките напади, незаконското прислушување и лошите работни услови на новинарите имаат цел да поттикнат самоцензура“, стои во реакцијата на ЗНМ.

Европската комисија не бара да се озаконат владините кампањи, кои служат за вршење притисок врз медиумите, туку, велат од Здружението, бара целосна транспарентост за досега потрошените пари за оваа намена.

„Во извештајот се инсистира на критериуми за објавување на бесплатните медиумски кампањи, кои се од вистински јавен интерес. Недвосмислено е потврдена загриженоста на ЗНМ во врска со уредувачката и со финансиската независност на Македонската радио-телевизија, која сè уште не може да обезбеди објективно и точно известување за различни ставови и мислења во јавноста. Комисијата ги цени заложбите на новинарските организации за медиумски реформи, но заклучува дека нема политичка посветеност за промоција на медиумски плурализам и независност. ЗНМ ги поддржува повиците на Европската комисија за инклузивен дијалог со новинарската заедница за да се преземат драстични мерки за зајакнување на независноста и на плурализмот во медиумите“, се вели во соопштението на ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...