fbpx

ЗНМ бара да се одложи донесувањето на Етичкиот кодекс на МРТ

-

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бара од програмскиот совет на Македонската радио-телевизија да го одложи донесувањето на Етичкиот кодекс за јавниот сервис.

„Предупредуваме дека ако кодексот се донесе во предложената форма, нема да го подобри известувањето на новинарите. Спротивно, ќе предизвика сериозни последици во работата на јавниот сервис. Постои реална опасност раководството на МРТ да злоупотреби одредени членови на кодексот за да прави притисок врз новинарите“, стои во соопштението.

Од ЗНМ сметаат дека најголем недостаток на кодексот е мешањето на новинарската етика со работната дисциплина.

„Не смее новинар да добие отказ ако одбие задача што е спротивна на етичките принципи на новинарството. На новинарите не може да им судат за евентуално прекршување на етичките норми луѓе кои никогаш не работеле како новинари и се предложени од раководството на МРТ“, велат од ЗНМ.

Од Здружението соопштуваат дека го разгледале предложениот документ и подготвиле суштински забелешки за да се подобри текстот на кодексот.

„Но, програмскиот совет на последната седница, без никакво образложение, ги одби нашите сугестии и инсистира на денешната седница да биде усвоен“, соопштуваат од ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски се сретна со Макрон, доби уверување дека Франција ја сака земјава во ЕУ

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата присуствувал и министерот за надворешни работи Бујар Османи, информираат од владината прес-служба. Премиерот...
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
download udemy paid course for free
download huawei firmware
Free Download WordPress Themes
udemy paid course free download