ЗНМ: Апелациониот суд донесе срамна одлука на штета на новинарството

Ваквата лоша судска пракса негативно се одразува на слободата на изразување и поттикнува самоцензура, oценува ЗНМ

-

Советот на Апелациониот суд – Скопје, ја укина пресудата на Основниот граѓански суд во корист на новинарите и повторно го врати на судење предметот во кој поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев ги тужи Сашка Цветковска и Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Оваа одлука е срамна, оцени Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

„Советот на Апелациониот суд составен од судиите Гордана Ѓорчева, претседател на советот, Суад Алиу и Влатко Самарџиски, членови на советот, донесе срамна одлука на штета на слободното новинарство против колегите од ИРЛ. Овој вид на одлуки на судиите од Апелациониот суд Скопје и генерално ваквата лоша судска пракса негативно се одразува на слободата на изразување и поттикнува самоцензура, посебно ако се земе во предвид дека тужбата е приватна, а тужителот е економски моќник, а во претходниот владин состав и заменик на претседателот на Владата“, оценуваат во ЗНМ.

Според одговорните во здружението, ваков вид тужби служат да се предизвика заплашување и потенцијално финансиско исцрпување на тужените новинари.

„Целта на овој вид на тужби не е да се заштити личниот углед, туку да се малтретираат тужените со цел да се демотивираат или да се откажат од јавна критика. Ова се стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP) и за истите Советот на Европа креира препораки до членките држави како тие да се превенираат зошто може да го нарушат правото на информирање на граѓаните“, наведено е во соопштението на ЗНМ.

Освен тоа, додаваат оттаму, проблем во овој случај е и вчерашниот груб обид за јавна дискредитација од страна на Секторот за односи со јавноста и за маркетинг на „Феро Инвест“ ДОО Скопје, кој во соопштение до медиумите сподели свое толкување за овој судски случај.

„Тие во објавата која беше пренесена од страна на неколку медиуми, се ставаат во улога на суд, прејудицираат идна судска одлука и служејќи се со навреди кон колешката Цветковска, велат дека таа „ја злоупотреби својата положба на новинар, што е тешка повреда на Законот за медиуми и на основните новинарски начела“. На овој начин може да се протолкува дека „Феро инвест“ прави дополнителен притисок на Основниот граѓански суд кој повторно треба да постапува по приватната тужба на Анѓушев кон новинари и второ се прави обид да се влијае на јавноста во полза на тужителот на штета на слободата на изразување“, оценува ЗНМ.

ИРЛ за оваа сторија ја доби првата награда на тема „Справување со загадувањето на воздухот – зајакнување на јавната свест за проблемите и можните решенија“, во избор на Здружението на новинари на Македонија а во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

„Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), за ова решение на Апелациониот суд Скопје ќе ја извести Европската федерација на новинари (ЕФН) каде што се членки и ќе укаже дека станува збор за притисок преку судот на слободното новинарство. Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) исто така за случајот ќе ја извести мрежата на независни совети за медиуми во Европа (AIPCE) каде што СЕММ е членка“, информира ЗНМ.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...