Змиите во урбани средини се ретки и не се опасни, треба само да се заобиколат, советуваат биолозите

Најраспространет, а со тоа и најопасен е поскокот, a oстанатите два вида на отровници, шарката и степската лутица, живеат на надморска височина од над 1500 метри

-

Змиите кои живеат во Македонија не се агресивни и бегаат од луѓето. При средба со змија се препорачува да не се напаѓа и повредува, туку да се заобиколи, велат од Македонското еколошко друштво. Од таму апелираат граѓаните во периодот од годината кога вегетацијата забрзано расте, редовно да си ги средуваат дворовите и да ја косат треата, а кога се движат во природа да носат соодветни обувки.

„Појавувањето на змии во урбаните средини е инцидентно, со затоплувањето на времето и растот на вегетацијата. Евентуалните ретки средби со овие животни, можат кај граѓаните да предизвикаат прашања поврзани со нивната безбедност и онаа на нивните миленици. МЕД ги советува граѓаните да бидат смирени, внимателни и да избегнуваат непосреден контакт со овие животни и покрај тоа што поголемиот број од змиите во Македонија не се опасни“, посочуваат од организацијата.

Фото: МЕД

Во земјава живеат 16 вида на змии, од кои единствено три се отровни. Најраспространет, а со тоа и најопасен е поскокот, кој е препознатлив по карактеристичното рокче на предниот дел од главата и ромбовидните шари кои се протегаат по грбот. Останатите два вида на отровници, шарката и степската лутица, живеат на надморска височина од над 1500 метри и тоа на определени планини.

„Во Македонија не постојат змии кои што агресивно можат да нападнат човек во одбрана на територија или гнездо. Напротив, секоја блиска средба или каснување настанува поради недоволно внимание или неносење на соодветна опрема како високи обувки во природа. Змијата секогаш се стреми да избегне средба со човек и најчесто бега или се вкочанува во место – сѐ што треба да направиме е да ја заобиколиме или да ја оставиме да продолжи по својот пат“, објаснува Драган Арсовски, доктор на биолошки науки, специјализиран за змии и други влекачи во Македонското еколошко друштво.

Во случај на каснување од змија, тој советува граѓаните да останат смирени и веднаш да побараат медицинска помош. Доколку немаат претходни здравствени проблеми и со навремено укажана медицинска помош, каснувањето поминува без посериозни компликации по здравјето.

„Апелираме до граѓаните да не ги напаѓаат и повредуваат змиите, кои што имаат исклучително големо значење во одржувањето на кревкиот баланс на екосистемот и контролата врз популациите на глодари и други видови на змии. ПотсетуДеновваме дека во Македонија не постои сервис за отстранување на овие животни, а граѓаните треба уредно и редовно да ги одржуваат своите дворни површини како превентивна мерка против засолнувањето на змии“, велат во МЕД.

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Вработената во Општина Кочани беше повредена со пластично шише

„Вистиномер“ на социјалните мрежи пронајде објавен видеоматеријал на којшто е прикажан инцидентот и на него се гледа дека сите шишиња коишто се поставени на масата за советниците, се пластични, пишува „Вистиномер“ Во...

Иран упати остро предупредување до Трамп: Ќе ја завршиме оваа војна

Иран изјави дека нападот на САД врз нивнитенуклеарни постројки го проширил опсегот на легитимни цели за неговите вооружени сили и го нарекоа американскиот претседател Доналд Трамп „коцкар“ затоа што се приклучил...

Magic: The Gathering карта од новата едиција на Final Fantasy доби обид за продажба по цена од 50.000 долари

Картата „Golden Traveling Chocobo“ доби обид за продажба од 50.000 долари на eBay. Се работи за најнов кросовер помеѓу Magic: The Gathering и Final Fantasy серијалот, едицијата што излезе на 13...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде...