fbpx

Змии отровници ги избркаа луѓето од градски парк во Кочани

-

Кочанец фати две змии отровници за само три дена во еден од поголемите градски паркови во Кочани.

Во паркот во близина на улицата Први мај, каде често си играат деца, а постарите се шетаат, Делчо Јованов змијата шарка ја здогледал додека го паркирал автомобилот пред сопствениот двор.

– Змијата од паркот се движеше кон дворот. Ја фатив со стап и ја ставив во шише. Соседите се вознемирија и рекоа дека повеќе нема да ги пуштаат децата во паркот – рече Јованов.

Според него, чудно е како овие змии се нашле во населен предел, бидејќи вообичаено се забележуваат на неколку километри од паркот.

Пред три дена, исто така во паркот, Јованов здогледал уште една шарка, која успеал да ја отепа.

Шарката, според познавачите, е една од најотровните змии во Македонија. Отровот од оваа змија го парализира градниот кош и доколку каснатиот набргу не добие серум, може да почине.

Жителите на улицата Први мај од Кочани бараат од комуналното претпријатие да ја искоси високата трева во паркот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...