fbpx

Зип-институт: Општините вработуваат само активни партиски членови

-

Вработувањата во општините се партиски, огласите за врабортување се објавуваат откако веќе се знае кој ќе биде вработен, интервјуата за работа се субјективни, не се запазува системот на заслуга, а жалбата како инструмент не функционира. Ова се дел од заклучците од истражувањето „Бива ли без книшка: вработувања во локалната администрација во Македонија“ коа го спорведе Зип-институт за локална самоуправа и неформално образование.

– Истражувањето беше спроведено во четири општини и поради сензитивноста на темата нема да можеме да кажеме кои се. Сите четири општини имаат различна партија на власт. Интервјуиравме осум лица, по еден вработен од секоја општина во секторот човечки ресурси, и вкупно четворица кандидати кои аплицирале за вработување во општините, од кои двајца го добиле работното место, а двајца биле одбиени – рече Олимпија Христова-Заевска, истражувач-соработник во Зип-институт.
Истражувањето покажало дека многу често се случува во процесот на вработување во локалната администрација, огласот за вработување да биде пуштен откако веќе ќе се вработи личност на тоа место.
– Дознаваме дека огласите најчесто се објавуваат тогаш кога веќе се знае кој ќе биде вработен и понатаму процесот е прилично формален. Има случаи кога и самата општина има потреба од одреден кадар, меѓутоа сè уште нема партиска личност која е соодветна за позицијата, па огласите најчесто се поништуваат – вели Хростова-Заевска.
Освен вработувања кои се прават по принцип на активно партиско членство, од Зип велат дека вработувањата се користат и како политички реваншизам помеѓу политичките партии.
– Во една од општините која беше опфатена со нашето истражување, каде што во 2009 година имаше промена на политичката партија на власт, може да се забележи дека бројот на вработувања е зголемен за 125 отсто. Во друга општина каде што се промени градоначалникот, но не и партијата на власт, има помал пораст на бројот на вработени односно 36 отсто – вели Агим Селами, извршен директор на Зип-институт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...