Зимското сметање на времето почнува в недела во 3 часот наутро

Photo by Sonja Langford on Unsplash

Бирото за метрологија соопшти дека летното сметање на времето ќе заврши в недела, 31 октомври, во 3 часот.

Стрелките на часовникот тогаш треба да се преместат 1 час наназад, на 2 часот. Со тоа земјава ќе почне со зимското сметање на времето.

„Часот кој на 31 октомври 2021 годинaa, поради поместувањето за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 02h 00min 00s и 03h 00min 00s се означува првиот пат како час 2А, а втотриот пат како час 2Б“, се вели во соопштението од Бирото за метрологија.