Села: Ако се сметаат за Албанци, ДУИ треба да ја напушти Владата

-

Претседателот на движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, на вонредното собрание за актуелните политички случувања во Тетово, истакна дека правдата во Македонија е суспендирана од актуелната власт, затоа ги повикува луѓето од ДУИ, ако се Aлбанци, веднаш да ја напуштат владата, која, според него, е „целосно неморална“.

– Албанците треба да бидат спокојни затоа што следува период кога ќе се докажат сите политички процеси за нив, за кои во изминативе дваесетина години тврдевме дека се монтирани. Ова веќе секој го знае, и внатрешниот и надворешниот, односно меѓународниот фактор. Затоа ја повикуваме ДУИ да излезе од Владата, а ако не го стори тоа, ќе сметаме дека луѓето од ДУИ се „чесни Албанци“, како од времето на Слободан Милошевиќ – изјави Села.

Тој смета дека најголемата одговорност лежи во СДСМ, за, како што го нарече, „монтираниот политички процес „Сопот““.

– Монтираниот политички процес „Сопот“, се случи токму во времето на СДСМ, но дежурен играч и во тоа време и сега, кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ, кога исто така се монтираат судските процеси, е ДУИ, кој постојано е во владина коалиција со овие две македонски партии – рече Села.

Претседателот на движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, вели дека постои сомнеж случајот во Гошинце да биде дело на коалиционите партнери од власта. Но, според него, треба да се почека и да се добијат пообјективни иинформации за тоа што точно се случувало во липковскиот регион.

Села апелираше Албанците да не подлегнуваат на никакви сценарија, да бидат ладнокрвни, затоа што повеќе во тие сценарија, како што рече, „нема да се дозволи да горат нивните куќи“.

Најдобрите игри од Galaxy Gaming Showcase што не треба да ги пропуштите

На неодамнешниот гејминг настан Galaxy Gaming Showcase беа најавени бројни игри што ги воодушевија гејмерите со својата разновидност и иновации. Во овој напис ги издвојуваме највозбудливите нови игри што следат во...

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

На 18 април 2025 година околу 12 часот, во СВР Охрид беше пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај местото „Канео“, е забележано повредено лице. Лицето, идентификувано како М.Ј.Б. (24)...

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата...

ADN-Balkans го осуди нападот врз новинарка на „Истиномер“ додека известуваше од протест во Белград

Мрежата против дезинформации за Балканот (ADN-Balkans) остро го осуди физичкиот напад врз новинарката на српскиот сервис за проверка на факти „Истиномер“, кој се случи на 15 април додека таа известуваше од...
Galaxies Gaming Showcase Event скриншот од YouTube

Најдобрите игри од Galaxy Gaming Showcase што не треба да ги пропуштите

На неодамнешниот гејминг настан Galaxy Gaming Showcase беа најавени бројни игри што ги воодушевија гејмерите со својата разновидност и иновации. Во овој напис ги издвојуваме највозбудливите нови игри што...