Ѕид повисок од Берлинскиот се гради во минхенско предградие

-

Ѕид висок четири метри се гради во минхенско предградие, со намера да се одвојат локалните жители од бегалците кои треба да се сместат во мигрантскиот камп кој сè уште е во изградба, јавува РТ. Во кампот треба да бидат сместени околу 160 деца бегалци кои се без придружба. Заштитниот ѕид се гради поради поплаките на жителите од минхенското предградие.

Контроверзниот ѕид се гради со дозвола од минхенскиот управен суд. Покрај локалните поддржувачи на изградбата, има и жители што го осудуваат овој проект. Еден од нив е гувернерот на предградието, Гвидо Бушолц.

– Ѕидот привлече многу внимание бидејќи ќе биде повисок од Берлинскиот ѕид, кој беше висок 3,6 метри. Кога се зборуваше за интеграција на мигрантите, замислував нешто навистина поинакво – изјави гувернерот Гвидо Бушолц.

Според објавените снимки од градежните активности на ѕидот, забележливо е дека не станува збор за класичен ѕид изграден од малтер и од тули, туку од големи блокови решетки, исполнети со камења.

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...