fbpx

Жртви на ковид-19 денеска се 23 годишен и 29 годишен пациент од Скопје и од Струмица

-

Корона вирусот одзеде и два млади живота, лица на 23 и на 29 годишна возраст. Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во земјава починале 9 лица од ковид-19: еден од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), еден од Куманово (60г), еден од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г) и двајца од Струмица (29г и 44г). Oд нив 8 се починати во болнички услови, а една пациентка од Струмица починала при транспорт кон Скопје.

Во последните 24 часа се направени 1.404 тестирања и се регистрирани 98 нови случаи на ковид-19, во: Скопје-50, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-5, Тетово-7, Струга-3, Битола-4, Охрид-2, Струмица-9, Делчево 2 и во Крива Паланка, Кочани, Берово, Кичево, Велес и Гостивар по еден нов случај на заболен.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-46, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-9, Велес-1, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-2, Македонски Брод-5, Пехчево-4, Берово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-1, Кичево-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 15.925, бројката на оздравени пациенти е 13.418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.846.

Досега се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 8 пациенти. Вкупно има хоспитализирани 82 пациенти, на кислородна поддршка се 40, а нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно има 33 пациент, на респираторна машина се 2 пациента. Во болницата во Битола се на лекување 16, а во болницата во Штип 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 149, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски се сретна со Макрон, доби уверување дека Франција ја сака земјава во ЕУ

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата присуствувал и министерот за надворешни работи Бујар Османи, информираат од владината прес-служба. Премиерот...
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
online free course
download mobile firmware
Download Nulled WordPress Themes
free online course