Живаљевиќ и неговиот шеф се скрасија во БИХ, во Сараево стравуваат од нивни „27 април“

-

Горан Живаљевиќ, српскиот разузнавач што се фотографираше во Собранието при бруталното насилство на 27 април 2017 година, од почетокот на ноември годинава е во Сараево, во амбасадата на Србија.

Таму првата позиција – амбасадор – од мај годинава ја извршува неговиот шеф, поранешниот директор на српската безбедносна и разузнавачка агенција – БИА, Александар Ѓорѓевиќ, известува „Радио Сарајево“. Овој медиум изнесувајќи изјави за вмешаноста на српската тајна служба во насилството во Собранието на 27 април, потсетува дека Основното јавно обвинителство размислува да го испрашува Живаљевиќ за неговата улога во упадот.

„Дали се подготвува македонско и црногорско сценарио за БиХ?“ се прашува во насловот „БХ Вјести“, пренесувајќи ја приказната.

Документите што ги објавија македонската НоваТВ, белградски КРИК и ОЦЦРП покажуваат дека Живаљевиќ во Македонија вршел пропагандна активност со цел промовирање на руската полиика“ на поранешниот македонски премиер Никола Груевски и активности против зачленувањето на Македонија во НАТО.

Во текстот на „Радио Сарајево“ посветен на преместувањето на српските разузнавачи кои се на линијата на ширење на руското влијание на Балканот се наведува дека уште еден нивни „соборец“  е во БиХ.

Станува збор за Мирослав Лазански, новинар и военополитички аналитичар, кој во РТРС, јавниот радиодифузен сервис на Република Српска, преку емисијата „Лазански директно“ продолжува со истите активности како во Македонија во времето на владеењето на Груевски, кога ја фалеше тогашната власт.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...