fbpx

Жителите на С.Македонија се најнесреќните луѓе на Балканот, утврди Светскиот извештај за среќа

Индексот на среќа се мери според неколку фактори - животен век, БДП по глава на жител, социјална поддршка, степен на корупција, великодушност во заедницата каде што луѓето се грижат едни за други и слобода граѓаните да донесуваат клучни животни одлуки

-

Граѓаните на Финска се најсреќни на светот, додека Македонија е на 89-тото место од 137 држави, според рангирањето на годинешниот World Happiness Report (Светски извештај за среќа) кој главно се базира врз основа на оценките за живот од анкетата на Gallup World. Со тоа граѓаните во земјава се рангирани најниско од сите балкански држави, со исклучок на Србија и Босна и Херцеговина.

Индексот на среќа се мери според неколку фактори – животен век, БДП по глава на жител, социјална поддршка, степен на корупција, великодушност во заедницата каде што луѓето се грижат едни за други и слобода граѓаните да донесуваат клучни животни одлуки.

Фото: Принтскрин, World Happiness Report

Македонија (87 место), според рангирањето на Индексот на среќа, се наоѓа најдолу на листата на балканските држави. Србија (45) и Босна и Херцеговина (71) не биле оценувани годинава, па нивниот просек е земен од претходните два извештаја. Двете држави, заедно со Албанија (83), Косово (34), Бугарија (77), Хрватска (48), Словенија (22) се наоѓаат повисоко на листата од нашата држава.

Како држави во кои живеат најсреќните граѓани, шеста година по ред прва е Финска, а потоа следуваат Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.

Најнесреќните жители на светот, според рангирањето, живеат во Авганистан, Либан, Сиера Леоне, Зимбабве, Конго, Боцвана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...