fbpx

Жителите на Кијив би можело да бидат евакуирани во случај на целосно исклучување на струјата

-

Кијивските власти почнаа да планираат евакуација на 3 милиони жители на украинскиот главен град во случај да дојде до целосно исклучување на струјата како последица на руските бомбардирања, пишува Њујорк Тајмс.

Бомбардирањето од страна на руските сили на критичната енергетска инфраструктура низ целата земја продолжува, при што 40 отсто од енергетската инфраструктура на Украина е оштетена или уништена.

Општинските работници на Кијив веќе почнаа со поставување на 1.000 засолништа за греење низ градот, кои можат да бидат бункери додека инженерите се обидуваат да ги поправат бомбардираните електрани.

Украинските власти во саботата соопштија дека ќе продолжат со постојани прекини во снабдувањето со струја во седум региони, со цел да се обидат да спречат целосно откажување на мрежата.

„Ако нема струја, нема да има вода и канализација. Затоа владата и градската администрација ги преземаат сите можни мерки за заштита на нашиот систем за напојување“, вели Роман Ткачук, директорот за безбедност на општинската управа во Кијив.

Тој додава дека ако Русија продолжи со ваквите напади, Украина може да го изгуби целиот електричен систем, вели тој во интервјуто за Њујорк тајмс.

На официјалните лица во главниот град им било кажано дека најверојатно ќе имаат период од најмалку 12 часа за да можат да ги известат граѓаните дека електроенергетската мрежа е на работ на откажување.

Роман Ткачук вели дека ако се дојде до таа точка во Кијив, тогаш „ќе почнеме да ги информираме луѓето и да бараме од нив да си заминат“.

Сепак, кијивските власти велат дека барем засега нема индикации дека голем број на цивили од 3-милионскиот град би се одлучиле да избегаат од Кијив. Но, тоа брзо би се променило доколку прекинат неопходните услови за живот во градот.

Инаку, само во Донецкиот регион во изминатово деноноќие загинаа најмалку тројца цивили како резултат на воените дејствија на руските сили, јавува Укринформ. Осум лица се повредени само во овој украински регион, а една жена загина при руски ракетен напад на индустриски објект во градот Запорижја, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...