Жител на Арачиново бил застрелан со огнено оружје во ногата, откако лице пукало во него пред неговиот дом, соопштува Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од с.Арачиново-скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога. Полициски службеници излегле на лице место и констатирале дека околу 20 часот Ќ.Д. од едно лице бил повикан да излезе пред вратата од неговата куќа, по што лицето пукало кон него. На местото на настанот биле пронајдени две чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.