ЈСП Скопје соопшти дека од утре Жичницата на Водно ќе функционира со зимско работно време, односно од 10 до 17 часот секој ден, освен во понеделниците и секој последен вторник во месецот, кога се вршат редовните одржувања.

Последното возење на Жичницата од долу до врвот на Водно ќе биде во 16 или 16.30 часот, а последното возење надолу во 16.45 часот.

Содветно на тоа, ќе биде изменет и возниот ред на автобуската линија 25, а термините може да се видат на веб страницата на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

Исто така, утре и задутре, поради православниот празник Задушница, ќе бидат засилени линиите што сообраќат до градските гробишта „Бутел“ или минуваат крај нив. Тоа се линиите 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел). Точниот возен ред ќе може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје.