Жестоки судири меѓу полицијата и анархистите во Атина

-

Полицијата уапси 13 лица и приведе петмина во синоќешните немири во Атина, на протестот за одбележувањето на годишнината од Политехнио, бунтот против воената хунта во 70-тите години на минатиот век. Атинската бунтовна населба Ексархија со часови наликуваше на воено поле поради постојаните судири меѓу групи анархисти и полицијата.

Анархистите со часови напаѓааа со молотови коктели, камења, па дури фрлаа и столови, а полицијата одговараше со солзавец и со шок-бомби. Цела вечер владееше хаос, на моменти ситуацијата изгледаше како да е надвор од контролата на полицијата, а дел од полициските припадници во еден момент дури и беа принудени да бегаат од група анархисти, кои ги бркаа низ улиците на Ексархија.

Анархистите, според информациите, еден ден претходно го окупирале просторот на Политехничкиот факултет, кој е симбол на бунтот против воената хунта и од каде со студентски протест почна бунтот во 1973 година, складирајќи ја целата своја „муниција“ и блокирајќи го просторот околу факултетот за полицијата да не може воопшто да им се приближи.

Доцна вечерта, за да стави крај на судирите, полицијата даде наредба новинарите и фоторепортерите да си заминат од просторот. Судирите завршија нешто пред 2 часот утрото по локално време. Во инцидентите е причинета голема материјална штета на просторот околу факултетот, а уништен е и дел од инвентарот од факултетот.

Освен во Атина, немири имаше и во Солун, Јанина и во Волос.

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

На 18 април 2025 година околу 12 часот, во СВР Охрид беше пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај местото „Канео“, е забележано повредено лице. Лицето, идентификувано како М.Ј.Б. (24)...

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата...

ADN-Balkans го осуди нападот врз новинарка на „Истиномер“ додека известуваше од протест во Белград

Мрежата против дезинформации за Балканот (ADN-Balkans) остро го осуди физичкиот напад врз новинарката на српскиот сервис за проверка на факти „Истиномер“, кој се случи на 15 април додека таа известуваше од...

Посебен сообраќаен режим за Велигден во Скопје – кои улици ќе бидат затворени?

По повод големиот христијански празник „Воскресение Христово – Велигден“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на одредени улици во главниот град. Промените ќе се...

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

На 18 април 2025 година околу 12 часот, во СВР Охрид беше пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај местото „Канео“, е забележано повредено лице. Лицето, идентификувано како...