fbpx

Жестоки борби меѓу Талибанците и авганистанската војска за три големи градови

-

Талибанските сили и авганистанската војска започнаа жестока битка во западниот и јужниот дел на Авганистан, јавува Би-би-си. Талибанците напредуваат кон градовите Лашкар Гах, Херат и Кандахар и во моментов се водат борби во нивните предградија. Кандахар е вториот град по големина во Авганистан, додека Херат е третото по големина населено место во оваа азиска земја.

Талибанците во изминатиов период напредуваат во освојувањето на големи пространства во Авганистан, по повлекувањето од земјата на сојузничките трупи предводени од САД. Сепак, Талибанците досега не успеале да заземат ниту еден поголем град во Авганистан. Проценките велат дека половина од територијата на целата земја е во нивни раце, пишува Би-би-си.

Извештаите од теренот велат дека авганистански сили, со поддршка на САД, во континуитет ги напаѓаат позициите на Талибанците со воздушни напади.

Земјата е на прагот на хуманитарна криза поради борбите што се водат, кои предизвикуваат наплив на бегалци во поголемите градови. Од друга страна, Би-би-си го наведува и прашањето колкав период ќе бидат способни авганистанските воени сили да го издржат притисокот од нападите на Талибанците низ земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...