fbpx

Жерновски: На уставните судии им беше наложено како да гласаат

-

Крајно разочаран, но не и изненаден е градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, по одлуката на Уставниот суд да не расправа за деталните урбанистички планови што тој ги обжалил во август.

Жерновски вели дека, според негови информации, на судиите им било наложено да ги отстранат плановите, но, како што рече тој, доказите против овие планови биле толку големи и сеопфатни што судиите не можеле да ги отстранат, туку само ги одложиле за некоја наредна седница.

– Мене не ми е јасно како може нечии 11 гласа да вредат повеќе од други 11 – изјави Жерновски.

Градоначаланикот потсети дека со оваа одлука на Уставниот суд само се докажува и потврдува она што го пишува во извештајот на Европската комисија дека дражавата и партијата во Македонија се едно исто.

Жерновски истакна дека спорниот детален план за Водно, за кој на седница на општинскиот Совет и „за“ и „против“ гласаа по 11 советници, а претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ, гласаше воздржано, нема да го потпише.

Жерновски додаде дека во изминативе неколку дена во Општината дошле три различни инспекции за три предмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...