Женски марш во Скопје: „Смрт на фашизмот, слобода на жените“

Овој 8 Март беше одбележан со женски бојкот за слобода и автономија од силеџискиот систем. Маршот започна пред Универзалната сала, профолжи пред Владата, па преку плоштадот „Скендербег“ финишираше во паркот „Жена борец“. Присутните за време на маршот извикуваа: „Жени, живот, слобода!“, „Доста од силеџиство!“, „Сакаме политичка, социјална и економска правда“, „Не ви чини правдата!“, „Не ви чини системот!“

-

„Ставам капак на домаќинлак“, „Смрт на фашизмот, слобода на жените“, „Системот е наменет да убива“, „Слобода од силеџиство“ – ова беа само дел од транспарентите со кои стотици претставнички на женски организации, дел од Платформата за родова еднаквост, но и активистки и граѓани, маршираа на Меѓународниот ден на жената, 8 Март.

„Нека јадат ружи“ е слоганот под кој денеска беше истакната борбата за правата на жените.

„8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази. Што ќе ни се ружи кога немаме за леб? Дали ружите ќе не спасат од сиромаштијата и силеџиството што ни ги окупираат јавните и приватните простори?“, прашаа организаторките на маршот.

Овој 8 Март беше одбележан со женски бојкот за слобода и автономија од силеџискиот систем. Маршот започна пред Универзалната сала, профолжи пред Владата, па преку плоштатод „Скендербег, финишираше во паркот „Жена борец“. Присутните за време на маршот извикуваа: „Жени, живот, слобода!“, „Доста од силеџиство!“, „Сакаме политичка, социјална и економска правда“, „Не ви чини правдата!“, „Не ви чини системот!“.

„Живееме во нехуман и неодржлив систем, заснован на системско силеџиство што ни ги окупира животите и ни ги ограничува одлуките и можностите, сегашноста и иднината. А во кризи, товарот паѓа на жената. Токму затоа, велиме – не сакаме ружи, туку повикуваме на феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија”, беше истакнато на маршот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by META.MK (@meta_mk)

Жените во медиумите: Сензацијата носи кликови но ја задушува суштината

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...