fbpx

Жените во нашата држава се за 19 проценти помалку платени од мажите за иста работа

-

Надлежните институции, во соработка со приватниот сектор и синдикатите, да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите на мажите и жените, кои во овој момент за иста вредност во работата се за 23 проценти пониско платени на глобално и 19 проценти на национално ниво.

Ова беше истакнато денеска од Сојузот на стопански комори, Здружението на бизнис жени и Сојузот на синдикати на Македонија, по повод одбележувањето на првиот Меѓународен ден за родова еднаквост на платите – 18 септември.

„Глобално жените заработуваат 23 проценти помалку од мажите, а јазот на национално ниво е 19 проценти. Ова е причината зошто создадовме национална коалиција со повеќе засегнати страни за да постигнеме еднаква родова плата за работа со еднаква вредност. Со формирање на коалицијата го одбележуваме Меѓународниот ден на родовата еднаквост во плати. Според анализата на УСАИД објавена во јули минатата година проценетиот сооднос на приходите на жените во однос на мажите во нашата земја е 0,49 проценти што претставува најголем јаз во регионот,“ изјави Габриела Кулебанова, потпретседател на Сојузот на стопански комори.

Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени вели дека во државата постои широка правна рамка со која се регулираат прашањата за еднаквите можности, недискриминацијата и учеството на жените на пазарот на трудот.

„Меѓутоа и покрај постоењето на солидна законска регулатива и стратешки документи, евидентна е повеќекратната дискриминација на жените и нивна неможност во претприемништвото и корпоративниот свет да напредуваат подеднакво и покрај квалитетот и соодветните квалификации,“ вели Дисоска.

Катерина Поповска од Сојузот на синдикати на Македонија вели дека првиот инструмент е таргетирани покачувања на плати со цел компензација на концентрацијата на жени во ниско платените индустрии.

„Потоа важно е да се воспостави специфичен план на класификација на родово неутрални професии за да се корегира потценувањето на професиите во кои доминираат жените. Трет инструмент е воведување на мерки за промовирање на транспарентност на платите, за постигнување напредок во заложбите против дискриминација на платите. И четврто, поставување на родово неутрални критериуми за оценување за напредок во кариерата“, изјави Поповска.

Меѓународниот ден за родова еднаквост годинава се одбележува за прв пат, во услови кога светот се бори со пандемијата, која уште повеќе ја зголемува нееднаквоста.

„Жените сочинуваат две третини од здравствената работна сила ширум светот, вклучително и 85 отсто од медицинските сестри и 90 отсто од здравствените работници кои се вклучени во долготрајната нега на болните. Жените се соочија и со товарот од дополнителната неплатена работа предизвикана од затворање на училишни и установи за згрижување деца. Жените исто така во поголем број останаа без своите работни места, бидејќи работат во секторите кои се најпогодени од кризата,“ се додава во соопштението од Коалицијата.

Одбележувањето на Меѓународниот ден за родова еднаквост во платите е поддржано од Обединетите нации, ОЕЦД и Меѓународната организација на трудот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...