Жена се обидела да киднапира тригодишно девојче, добила само писмено предупредување

За настанот е информиран и надлежен јавен обвинител по чии што насоки лицето М.М. било писмено предупредено

-

Вчета во 14,00 часот во полициската станица Ѓорче Петров, А.Б.(35) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13,50 часот во парк во населбата Ѓорче Петров непознато женско лице на возраст од 45 до 55 години се обидело да ја грабне нејзината тригодишна ќерка.

Taa, како што соопшти обвинителството, била со нејзините две деца, а М.М.(46) од Скопје била со своето дете.

„Таа викнала едно од децата на А.Б. да седи со нејзиното дете и им дала да јадат. Потоа М.М. со детето на А.Б. тргнала накај пазарот, по што А.Б. истрчала по нив и си го земала детето. Со М.М. е извршен службен разговор во ПС Ѓорче Петров и посочила дека сакала да го однесе детето кај своите деца додека да го најде родителот“, велат од обвинителството.

По примената пријава и превземените мерки во 16.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров извршиле службен разговор со лицето М.М.(46).

„За настанот е информиран и надлежен јавен обвинител по чии што насоки лицето М.М. било писмено предупредено“, соопшти МВР.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...