Жена избегала од својот дом со своите деца поради несигурност и страв при вербални и физички закани од својот сопруг

Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така што при вербална расправија пред нивните две малолетни деца почнал да и се заканува, по што зел вазна со која фрлил кон оштетената

-

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 и Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така што при вербална расправија пред нивните две малолетни деца почнал да и се заканува, по што зел вазна со која фрлил кон оштетената. Не ја погодил, туку удрил во ѕидот, а оштетената исплашена за својата безбедност веднаш ги зела децата и заминала кај нејзината мајка.

На 7 мај, осомничениот со своето возило го пресретнал патот на автомобил во кој била оштетената и уште едно лице, започнал да ги навредува и да им се заканува, а потоа со нога, тупаници и предмети удирал повеќе пати во возилото. Со овие насилнички дејствија предизвикал чувство на несигурност и страв кај оштетените.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиште, обврска да се јавува повремено на одредено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана на посетување на одредено место или подрачје, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со оштетената.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...