fbpx

Железничкиот сообраќај на релација Скопје – Куманово ќе биде во функција за 24 часа

-

Железничкиот сообраќај на релација Скопје – Куманово (Табановци) и во обратен правец е во прекин, поради излизгувањето на вагони од товарен воз на излезната свртница во кумановската железничка станица, што се случи изутрината околу два часот, информираат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници“

„Во несреќата на товарниот воз, што се движел на релација Куманово-Скопје, нема повредени лица, но е причиената материјална шетата.Според комисијата која е на терен од утринските часови, направена е голема материална штета на инфраструктурните постројки, пругата,колосеците, електричните столбови, сигнализација, контактна мрежа и оптички кабел. Висината на вкупната штета од овој немил настан, според Комисијата која води истрага за утврдување на причините за несреќата, ќе се знаат по завршување на истрагата“, се вели во соопштението.

Оттаму ги демантираат информациите дека железничкиот сообрќај во овој дел на пругата ќе биде во прекин 10 дена.

„Екипите на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници“ се мобилизирани и работат вагоните да се тргнат од пруга, и од моментот кога истите ќе бидат тргнати од пруга, за 24 часа ќе ја ставиме во функција оваа железничка линија“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...