fbpx

Железничкиот превоз повторно во функција откако се исплати априлската плата

Платата за април на сите вработени во Железници на РСМ-Транспорт им е исплатена во текот на денов, поради што штрајкот веднаш е прекинат

-

Патничкиот и товарниот железнички превоз се повторно во функција по петчасовниот штрајк на железничарите поради неисплатената плата за април. Возовите сообраќаат по редовниот возен ред по 13 часот, откако утрово вработените од влеча на возови во депото „Лисиче“ престанаа со работа.

Возовите не сообраќаат, железничарите бараат плата за април

Платата за април на сите вработени во Железници на РСМ-Транспорт им е исплатена во текот на денов, поради што штрајкот веднаш е прекинат.

Вработените во државното железничко претпријатие изминативе месеци често одржуваат штрајкови поради неисплатени плати. Железници на РСМ-Транспорт се најголемиот државен загубар со години наназад, а досегашниот договор на вработените со менаџментот е платите да се исплаќаат најдоцна до 25-ти во месецот за претходниот месец, иако законскиот рок за исплата на плата е до 15-ти во месецот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...