Евроамбасадорот Самуeл Жбогар денеска во Валандово изјави дека Договорот од Пржино довел до решение, но дека сè уште има работи кои треба да бидат имплементирани.

– Кога ќе се осврнеме на Договорот од Пржино, ќе видиме дека тој беше напорен процес, но доведе до решение. Од него сè уште треба да се исполнат одредени работи, пред сè реформските приоритети. Се надеваме дека следната влада ќе се посвети на исполнување на реформите – рече Жбогар за време на промовирањето на проектот „ЕУ за тебе“.

Прашан за посетата на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на Македонија, Жбогар рече дека тоа сè уште не е потврдено.

– Немаме формална потврда, но има голем интерес во Брисел за тоа што се случува во Македонија – рече Жбогар.