fbpx

Жбогар: Новата методологија е „вин-вин“ документ и за ЕУ и за земјите-кандидатки

-

Евроамбасадорот Самуел Жбогар оцени дека новата методологија за почеток на преговорите е „вин-вин“ ситуација што се однесува како за земјите кандидати, така и за самата Европска унија.

Целта на документот, според Жбогар е да го забрза пристапниот процес кој во последно време изгуби малку енергија, од двете страни.

„Целта е и повторно да се воспостави довербата помеѓу земјите членки и кандидатите, која минатите години е исто така нарушена. Целта е да се донесе и повеќе чесност и искреност на патот по кој заедно се движиме. За кандидатите тоа значи дека кога велат оти прават реформи тоа да значи дека тие навистина го реформираат општеството, а не само да ги усвојат законите. Од наша страна чесност и искреноста е дека кога се зборува за членство во ЕУ, да значи дека патот навистина води кон ЕУ,“ рече Жбогар.

Во однос на Законот за јавно обвинителство повтори дека Европската комисија не го стави како услов, но треба да биде донесен од неколку причини.

„Примарно е за граѓаните, за да веруваат во правдата дека нема неказнивост за криминалот. Важно е и за неколку земји-членки кои сакаат да видат демонстрација за посветеност кон владеењето на правото. И на крајот, затоа што сакаме да видиме демонстрација на промена во начинот на размислување,“ рече Жбогар.

Евроамбасадрот порача дека земјава мора да продолжи со реформите, да организира фер и демократски избори и да ги негува добрососедските односи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...