fbpx

Жбогар: Нема пречки за донесување на Законот за попис во Собранието

-

Независен и непристрасен статистички систем, без влијание од политика е значаен за секое општество, порача денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар на одбележување на Денот на европската статистика во Народната банка.

Според него Пописот на населението ќе содржи податоци кои ќе помогнат во креирањето на добри политики во образованието, здравството, управувањето со отпад.

„Пописот е одложен поради предвремените парламентарни избори и тоа е логично.Техничките подготовки се одвиваат во најдобар ред, се надевам на политичка волја за операцонализација. Нема пречки за донесување на Законот во Собрание“ порача Жбогар кој се надева дека тој ќе биде завршен во 2021 година кога и најголемиот дел од европските земји треба да го спроведат.

Евроамбасадорот рече дека реформите кои се потребни и во статистиката не се само заради ЕУ туку, заради општо добро на државата.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски рече дека статистичките податоци не се само обични бројки туку средства за креирање на политики. Тој додаде дека поголема е потребата на податоци на микро ниво, а се менуваат и глобалните трендови на собирање податоци, извори и се користат нови методологии.

Гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска рече дека финансиската криза и промените во централните банки влијаеле врз промена во систематизацијата на статистичките податоци.

„Главните предизвици со кои што тековно се соочуваат голем број централни банки се однесуваат на технологијата со која се обработува збогатениот обем на податоците, управувањето со нив и на нивната стандардизација за статистички цели, како и на задржувањето на принципот на доверливост во услови на зголемен број на индивидуални податоци. Предизвик е и да се балансира помеѓу зголемената потреба од податоци и товарот за известувачите. Сето ова наметнува потреба од засилена соработка и координација помеѓу сите инволвирани страни, вклучително и помеѓу носителите на статистички истражувања,“ – порача Ангеловска-Бежоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА. Германските компании, на...