Згрешен број на шасија ги паркираше шесте нови еко-автобуси

Пред да бидат пуштени во употреба Советот на Град Скопје треба да изгласа измена на Одлуката за пренесување на правото на сопственост на шесте еко-автобуси на седница која е закажана за вторник следната недела

-

Шесте нови еколошки автобуси кои се донација од Европската унија за Градот Скопје, речиси еден месец откако беа промовирани и претставени на јавноста пред бројни политичари и медиуми, останаа паркирани во депото на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП). За тоа, според ЈСП, има најмалку две причини. Првата е тоа што еден од автобусите бил заведен со погрешен број на шасија. Грешката наводно била утврдена откако ЈСП ги презело автобусите. Втората причина за доцнењето е блокираната сметка на претпријатието, што го одложило плаќањето на осигурувањето за новите возила.

„Ни беше замрзната сметката поради долг кон „Пуцко петрол“ и затоа не можевме да го платиме осигурувањето за автобусите. Моравме да ја одблокираме. Освен тоа требаше да се допреведат уште некои документи од турски јазик за хомологација. Сега само чекаме да заврши постапката за каско осигурувањето. Во вторник, на седница на совет на град Скопје, како седма точка на дневен ред треба да помине Одлуката за изменување на Одлуката за пренесување на правото на сопственост на 6 автобуси“, велат од кабинетот на директорот. Оттаму додаваат дека е всушност потребно да се изгласа Одлуката во која е наведен точниот број на шасија на автобусот оти внесениот е погрешен.

„Тоа го забележавме при увозот“, ни објаснија во кабинетот на директорот Драги Кушовски.

Во ЈСП рекоа дека според очекувањата, граѓаните ќе можат да се возат во новите автобуси за десетина дена.

Инаку, промоцијата на новите автобуси на метан се одржа на 26 ноември во седиштето на ЈСП – Скопје каде покрај евроамбасадор Михалис Рокас, присутвуваа и градоначалничката Данела Арсовска, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и претставничка на УНОПС во земјата, Микела Телатин. На настанот имаше десетици новинари и сниматели.

Донираните еко-автобуси се произведени во Турција. За нив има гаранција две години, а одговорните тврдат дека кај нас има фирма во која би се вршел сервис и која би обезбедила резервни делови ако за тоа има потреба. Автобусите возат на метан и имаат автоматски менувач. Од ЈСП велат дека на возачите нема да им биде потребна обука околу управувањето со нив.

Оваа донацијата дојде непосредно по расправијата меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, кога градот доживеа колапс на јавниот транспорт. Поради поништување на тендерот за набавка на нафта, сите автобуси на ЈСП престанаа да сообраќаат, што предизвика хаос на скопските улици. Автобуските станици беа преполни со патници, улиците блокирани од возила. Потоа, следуваше владина одлука со која му се овозможи на градот Скопје да користи нафта од државните резерви. Еден ден потоа, граѓаните на Шуто Оризари протестираа пред градските бараки, бидејќи 730 дена немаат никаков јавен превоз во нивната општина.

(ГАЛЕРИЈА) Донација од ЕУ за Скопје: Огромен медиумски и политички интерес за шест автобуси на метан

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...