fbpx

Зголемено присуство на полиција на македонско-грчката граница

-

Стотици Мароканци, Алжирци и Пакистанци се обиделе да ја минат границата меѓу Македонија и Грција, кинејќи дел од бодливата ограда и барајќи да им биде дозволено да го продолжат патот кон северот на Европа.

Некои од нив фрлале камења врз полицијата, додека други на колена извикувале „Сакаме да одиме за Германија“. Неколкумина успеале да влезат на македонска територија, но набргу биле фатени од полицијата.

Околу 1.500 мигранти се заглавени во близина на градот Идомени откако Европа реши да ги филтрира мигрантите, дозволувајќи влез само на тие што бегаат од воените жаришта во Сирија, Авганистан и во Ирак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...