fbpx

Зголемена побарувачката на евра во менувачниците

-

Поголема побарувачка на евра има во скопските менувачници, дознава „Мeта“ од разговорите со вработените во неколку поголеми менувачници.

Оттаму велат дека интересот за купување на еврото е поголем, отколку за негова продажба.

– Последните десет дена има зголемена побарувачка на евра. Јас продавам најмногу до 1.000 евра бидејќи над таа сума ќе останам без евра – ни рече вработена во менувачница.

И во другите ни потврдуваат дека немаат доволно евра и дека можат да разменат максимум до 2.000 евра.

– Граѓаните купуваат евра и од тие причини снемува евра на пазарот. Оваа состојба трае во последниот период – велат во менувачница во централното градско подрачје.

Иста е состојбата и во менувачницата во еден од поголемите трговски центри. Тие тврдат дека зголемената побарувачка на девизи пред празници е вообичаена појава, но дека ова што се случува деновиве е сосема ново.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...