Бројот на туристите во август 2025 година изнесува 226.179 кои оствариле 846.221 ноќевања, а најбројни од странците, се државјани на Турција, информира Државниот завод за статистика (ДЗС).
„Во месец август, 48 отсто се домашни туристи, а 52 отсто се странски туристи. Бројот на ноќевањата во август е 846.221, од кои 73,4 отсто се од домашните туристи, а 26,6 отсто од странските туристи. Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6,8 отсто, односно кај домашните туристи има намалување за 1,4 отсто, а кај странските има зголемување за 11,6 отсто“, наведено е во информацијата од ДЗС.
Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1 отсто, така што кај домашните туристи има намалување за 4 отсто, а кај странските има зголемување за 8,1 отсто.
Најмногу туристи сме имале од Турција – 49.093, 10.309 од Србија, 5.202 од Романија и 5.075 од Холандија.
