fbpx

Зголемен бројот на прекршоци за неносење заштитна маска (инфографик)

-

Откако на 26 мај се укина мерката полициски час, оттогаш, заклучно до денес се зголемил бројот на прекршоци за неносење заштитна маска на лицето, покажуваат податоците од Министерството за внатрешни работи. Од 27 мај до 1 јуни евидентирани се 3.005 прекршители на оваа мерка. Најголем број прекршоци се во недела, 31 мај кога МВР регистрирало 673 лица што не носеле заштитна маска.

Но, иако се укина забраната за движење, на сила останаа да важат мерките носење заштитна маска, држење физичка дистанца и честа дезинфекција. За оние што нема да носат маска на лицето, предвидена е парична казна од 20 евра.

Здравствените власти постојано апелираат да се почитуваат задолжителните мерки. Микробиолозите укажуваат дека корона вирусот не е мртов и дека истиот не може да исчезне поради асимптоматските случаи. Податоците покажуваат дека секој трет од заболените со Ковид-19 во земјава е без симптоми, но може да ја пренесе болеста. Оттука е и важноста на одржување растојание од 2 метра, носењето заштитна маска, како и често миење и дезинфекција на рацете.

Корона вирусот не е мртов – и сè уште може да убие

Корона вирусот не може да умре. Секој трет од заболените со Ковид-19 во земјава е без симптоми, но може да ја пренесе болеста. Поради тоа, во моментов е исклучително важно да се одржува растојание од 2 метра, да се носи маска и да се мијат и дезинфицираат рацете#COVID19MK #ОдржувајРастојание #ЗаштитиСе #КоронаВирус

Gepostet von Мета – новинска агенција am Samstag, 30. Mai 2020

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...