Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, рано утринава, во 01 часот и 46 минути и 03 часот и 59 минути, регистрира земјотреси чии епицентри се наоѓаат во Р. Косово.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата eпицентарот на првиот земјотрес е 76 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда М L 4.0, a епицентарот на вториот земјотрес е 66 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда М L 3.3.