Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово информира дека 15 минути по полноќ е регистриран земјотрес во Албанија. Телеметриската сеизмолошка мрежа на нашите сеизмолошките станици регистрирала дека потресот е со епицентар 80 километри западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од III степени Европската макросеизмичка скала.