fbpx

Земјотрес со магнитуда над 5 степени по Рихтер ја погоди Романија

-

Земјотрес со магнитуда над 5 степени по Рихтер денес ја погоди Романија, а го почувствувале и граѓаните во Белград, Нови Сад, Вршац, Смедерево, Крушевац. Како што пренесе телевизијата Н1 , српскиот Републички сеизмолошки институт (РСЗ) и вчера, за помалку од еден час, регистрирал три земјотреси во Романија и еден во Хрватска, а пред тоа два послаби земјотреси во источна Србија во областа на Мајданпек и еден на територијата на Бор.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,
со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во
Скопје, денешниот земјотрес го регистрираше 365 km североисточно од Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата
земјотресот се случил во 14.16 часот, бил со Рихтерова локална
магнитуда M L 5.8 и интензитет од IV степени според Европската
макросеизмичка скала, а е почувствуван од населението во Скопје и
околината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...