Земјотрес со јачина од 3 степени почувствуван на подрачјето меѓу Штип и Радовиш

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ

Штип | Фото: Викимедија комонс

Во 9 часит и 18 минути  почувствуван е земјотрес во подрачјето меѓу Штип и Радовиш, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 9 часот и 18 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M L 2.7. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.