Пет земјоделци и пчелари на Шар Планина добија соларни електрични огради како заштита на добитокот и пчелите од мечки, како прв чекор во спроведувањето на Националниот акционен план за кафеавата мечка за заштита на земјоделците и пчеларите во селата на Шар Планина.

Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека оградите, финансирани од Светскиот фонд за природата Хрватска, се поставени кај производители кои се соочуваат со штети предизвикани од диви животни како мечките и волците, а целта е да се намалат конфликтите помеѓу луѓето и дивите животни.

„Оваа превентивна технологија со години успешно се користи во земјите на Европската Унија и претставува одржливо решение кое ги почитува потребите на заедницата и природата. Ваквиот тип на заштита е чекор кон зачувување на биодиверзитетот и на загрозените видови како и подобрување на условите за живот на локалните заедници кои живеат во близина на живеалиштата на мечките, посочуваат од Министерството.