fbpx

Земјите од Централна Европа се подготвуваат за нов бран на бегалци од Украина

-

Руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина и најавите на тамошните власти за можна евакуација на жители од Кијив ги принудија властите од Централна Европа да се подготвуваат за нов бран на бегалци од Украина, пишува весникот Гардијан.

Постојните бројки од 6,9 милиони внатрешно раселени лица во Украина, заедно со контролираните рестрикции на струја низ 14 региони во земјата и опасноста од нови руски ракетни напади што може да предизвикаат прекини со водоснабдувањето и парното, доведоа до тоа Словачка повторно да се подготвува за наплив на бегалци.

При ваква вонредна ситуација, планот на словачката влада предвидува прилив на стотици илјади бегалци од Украина во текот на зимските месеци. Инаку, бројот на бегалци од Украина есенва не е многу зголемен, но има наголемувачко движење преку границите. Словачките власти ги засилуваат подготовките за нов бегалски бран.

„Зголемувањето на бројките се чувствува и се очекува. Во моментов бројката е зголемена за 15 отсто“, изјави Роман Дохович координатор за помош во источниот словачки град Кошице.

Словачка, заедно со Полска и Унгарија, граничат со Украина и во изминативе месеци имаа најголем прилив на бегалци од Украина поради воената агресија што ја започна Русија.

Во Унгарија податоците говорат за зголемување на бројот на бегалци кои пристигнуваат од Украина. Бројот на дневни пристигнувања на украински бегалци на пограничната железничка станица Захони се зголемил за десет пати, на околу 300 до 500 бегалци дневно. Ваквиот раст на бегалците доаѓа по интензивното руско бомбардирање на украинските градови.

И во Унгарија очекуваат недостигот на струја да го зголеми бројот на бегалци што ќе пристигнe во земјата од Украина во текот на наредните недели.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање пред граѓаните изјави дека околу 4 милиони луѓе од 14 украински региони се соочуваат со рестрикции на струја поради неопходноста за стабилизација на електропреносниот систем поради руските напади.

Украинските власти денеска предупредија дека во Белорусија се формираат посебни единици за оперирање на дронови, пренесува Укринформ. Ракетните напади во украинскиот главен град Кијив во изминативе недели беа последица во најголем дел токму на камикази-дронови лансирани од Белорусија.

Руските ракетни напади и во изминатово деноноќие продолжија низ Украина. Во Донецкиот регион биле убиени тројца цивили во изминативе 24 часа. Најмалку четворица цивили биле повредени при напади на камикази-дронови на градот Днипро, јавува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...