(Видео) „Земи ме со тебе“ нов сингл на Роберто Поп Димитров

Фото: Споделена од Роберто Поп Димитров за потребите на ВБУ Музички регистар

Роберто Поп Димитров денеска ја претстави своја нова песна „Земи ме со тебе“. Песната е рок балада, музички жанр по кој Роберто Поп Димитров е и најпрепознатлив.

Поп Димитров е поранешен член и вокалист на штипската рок група Кентаур. Со групата Кентаур во 1995 година учествуваше на фестивалот за рок-музика во Скопје Поп-Рок Фест ‘95.

По престанување на активностите на групата Кентаур, Роберто Поп Димитров имаше неколку настапи на штипскиот фестивал на забавни мелодии Макфест.

Последниве неколку години повторно е музички активен, но сега со соло проект, преку кој повремено објавува нови рок синглови. Оваа година веќе има повеќе изданија, вклучително и неговиот албум „Смртник“ што го објави и промовираше во март 2021.

Роберто е автор на музиката и на аранжманот за песната „Земи ме со тебе“. Текстот на песната го напиша во соработка со Сара Поп Димитрова.