fbpx

Земјотрес утрово почувствуван во Струмица и Валандово

-

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, утрово во 7.26 часот регистрирала земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML=2.6, а бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна

Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон...