fbpx

Зеленски предупредува на нови ракетни напади, над 700 инфраструктурни објекти се оштетени

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќање до граѓаните ги повика своите сонародници на посебна сплотеност, затоа што очекува зимата да биде тешка и руските напади да продолжат со голема жестина, пренесува Гардијан.

„Русија се обидува оваа зима да го искористи студот против луѓето”, истакна Зеленски, повикувајќи ги граѓаните да ги поддржат сонародниците кои се најранливи.

Украинските власти пресметале дека над 700 инфраструктурни објекти и 32.000 цивилни зданија досега се оштетени од руските напади врз Украина, јавува Укринформ. Дури 520 населени места во земјата во моментов се соочуваат со проблеми во снабдувањето со струја поради руските напади врз цивилната енергетска инфраструктура. Од сите руски напади извршени досега, само 3 отсто погодиле воени објекти.

Светските медиуми јавуваат дека температурите во Украина веќе паѓаат под нула целзиусови степени и има наврнато снег во поголем дел од земјата, што ги прави уште потешки условите за живот во услови на руските ракетни напади.

Истовремено, пристигнуваат и бројките од Обединетите нации, кои посочуваат дека до 22 ноември над 4,75 милиони украински граѓани се регистрирани како бегалци во европските земји, пренесува Укринформ. На нив им е обезбеден статус на привремена заштита во европските земји, а најголемиот број од нив се регистрирани во Полска, Германија и Чешка. Под налетот на руските ракетни напади врз енергетските капацитети во претстојниов зимски период, дел од земјите од Средна Европа очекуваат и зголемен број на нови бегалци од Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...