Зекири тврди дека обезбедувањето на Мијалков го нападнало, ексшефот на УБК демантира

-

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири обвини дека вчера во еден скопски локал бил нападнат од обезбедувањето на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК. Мијалков ги демантираше обвинувањата и најавува тужби.

Зекири тврди дека синоќа тој во кафулето „Дион“ бил нападнат од обезбедувањето на Мијалков.

– Инцидентот го предизвика обезбедувањето на Мијалков, а тој директно го побара тоа од нив. Додека седевме во „Дион“, дојде едно лице и ни рече да го напуштиме веднаш локалот затоа што имало приватна забава. Јас се потрудив да му објаснам дека имаме резервирано маса, но тој ја преврте. Се обидоа со туркање да ме извадат надвор. Во меѓувреме забележав дека во локалот е Јордан Мијалков. Еден од лицата извади полициска значка, а друг од позади ме удри – тврди Зекири кој случајот го пријавил во полиција.

Сашо Мијалов преку соопштение испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ го демантираше исказот на Зекири и најави тужби за него и медиумите кои ја објавиле информацијата.

„Изјавата што ја дал Мухамед Зекири е целосна лага и клевета. Најостро ги демантирам манипулациите дека некој од моето обезбедување го нападнал. Доколку во најкус можен рок не се извини, против него и против медиумите кои шират вакви дезинформации ќе следуваат тужби“, се вели во реакцијата на Мијалков.

Доцна синоќа откако Зекири го пријавил настанот во полициската станица Беко, тој на својот „Фејсбук“ напиша дека е посилен и поодлучен од било кога и порача дека правдата ќе победи, а криминалците ќе одговараат.

„Фала му на Господа јас сум жив и здрав, сега уште посилен и поодлучен од било кога да ја продолжам битката против злосторниците. Благодарам мој пријатели на сите вас за поддршката! Правдата несомнено ќе победи со или без мене! Знам дека во оваа битка не сум сам, не е само Мухамед, има многу Мухамеди кој се борат и ќе се борат против злосторниците и правдата несомнено ќе победи а криминалците ќе одговараат! Разочарувачки е што се уште има полицајци кои место да бидат во служба на граѓаните продолжуваат да служат на криминалците како Мијалков и неговите банди. И по неколку часовен престој во полициската станица Беко не успеав да дадам изјава затоа што дежурниот полицаец се плашеше да ја напише мојата изјави затоа што го спомнав името на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Почитуван полицаецу слободата и за тебе многу бргу ќе стигне“, напиша Зекири на „Фејсбук“.

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика...