fbpx

Зејтин ќе има во доволни количества, директорот на „Кристал“ не очекува нови поскапувања

-

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски истакна дека годинава двојно ќе се зголемат површините под сончоглед во земјава, а со тоа и количествата на суровина за масло за јадење. Тој заедно со министерот за економија Крешник Бектеши денеска беа во посета на фабриката за производство на масло за јадење „Кристал“ (поранешна „Благој Ѓорев“) од Велес.

Двајцата министери остварија средба со менаџментот на компанијата, по што беше заклучено дека во моментов снабдувањето со сончоглед е стабилно и дека државата во континуитет увезува сурово масло, потребно за домашните капацитети, но има и зејтин за потрошувачка.

„Владата за време на целиот овој период додека трае кризата одговорно постапува и носи одлуки за да ги заштити граѓаните. Сите мерки кои ги носиме имаат една цел, одржување и зголемување на домашното производство на стратешки култури. Обезбедивме 400 милиони денари Интервентен фонд како директна помош на земјоделците“, изјави министерот Николовски.

Генералниот директор на „Прехранбена индустрија Кристал 1924 АД Велес, Горан Лазов подвлече дека ќе има и доволно количества масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи.

„Не очекувам поскапувања. По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават залиха, ќе има доволно зејтин на пазарот“, кажа Лазов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...