Независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ е избран за потпретседател на Собранието. Во рамките на 116. седница за него гласаа 62 пратеници, а 12 беа „против“.

Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди, по предлог од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери продолжението на седницата го најави за утре.