fbpx

Завршува увидот во списокот и пријавувањето на иселениците за гласање на референдумот

-

Јавниот увид во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците за гласањето на референдумот на 30 септември завршува вечер на полноќ.

До вчера напладне беа пријавени вкупно 2.060 граѓани за гласање во нашите дипломатско-конзуларни претставништва.

Како што соопшти ДИК, од пријавите, 2019 се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана – 172, во Лондон – 114, во Торонто – 111, Канбера 88 и тн. Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев и Приштина – по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Доха – по две пријави. Онаму каде што ќе има помалку од десет пријавени нема да се спроведе гласање.

Иселениците кои се пријавиле за гласање на референдумот во ДКП-та, нема да можат да се изјаснат во Македонија доколку допатуваат во земјата. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември.

Јавен увид во Избирачкиот список, заклучно со вторник 21 август вкупно 4.466 граѓани извршиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 428, следат Струмица – 420, Карпош -375, Радовиш – 240 и во Охрид – 235.

До полноќ можат да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во Избирачкиот список, и да се доставуваат пријави од иселениците за изјаснување на референдумот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...