fbpx

Завршува учебната година, учениците од денеска на летен распуст

-

За околу 270.000 средношколци и основци, од кои околу 20.000 првачиња, денеска е последниот училиштен ден и почеток на летниот распуст.

Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во прва година средно образование за учебната 2018/2019 година. На 18-ти и 19 јуни е првото пријавување во јавните средни училишта, а второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 28 јуни. Во августовскиот рок пријавувањето е на 23 август.

Матурантите, пак, утре ќе имаат тестирање по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, кој е еден од трите екстерни испити и задолжителен на државната матура.

Првиот екстерен испит (странски јазик – англиски, француски, руски или германски) го полагаа во саботата.
На 11 јуни е тестирањето по третиот екстерен предмет (хемија, физика, биологија, историја, филозофија, естетика или бизнис), а на 13 јуни ќе полагаат кандидатите кои се пријавиле за испит по математика.

Според Државниот испитен центар, оваа учебна година за полагање државна матура се пријавиле вкупно 15.256 кандидати. Таа е услов за запишување на факултетите.

Учениците кои го продолжуваат основното и средното образование, на настава повторно ќе се вратат на 3 септември 2018 (понеделник), за почетокот на новата учебна 2018/2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...